Кочанчанец на четириесет и едногодишна возраст тешко се повредил откако возејќи велосипед паднал на коловозот.
„Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на кружен тек од ул.„Димитар Влахов“ и ул.„Глигор Апостолов Гочо“ во Кочани, Ј.А.(41) од Кочани, управувајќи велосипед паднал на коловозот. Во несреќата Ј.А. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Кочани“, информираат од МВР.
Увид извршила екипа од ОВР Кочани.