Министерството за внатрешни работи соопшти дека ноќеска околу два часот по полноќ во кочанската населба Оризари бил повреден 28-годишниот Т.Д.
Од засега непознати причини младиот кочанчанец бил прободен со остар предмет во пределот на градниот кош.
Повредениот од Медицински центар Кочани е пренесен во болницата во Штип каде му е констатирана телесна повреда.
По преземени мерки едно лице е повикано на разговор во штипската полиција, а по целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена и пријава.