Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Б.Р.(36) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „спречување службено лице во вршење службено дејствие“.
Имено, пријавениот на 24.12.202, околу 14.00 часот на ул.„Стамен Манов“, спречил две службени лица вработени во општина Кочани во вршењето на службени дејствија – инспекциски надзор и контрола на градба на градежен објект.
Истиот ден, околу 15.00 часот тој спречил други две службени лица вработени во општина Кочани во вршење на истите службени дејствија.