5.8 C
Skopje
четврток, ноември 14, 2024

Кочани доби потисен цевковод во должина од 2.2 километри во вредност од 44.5 милиони денари

Општина Кочани доби потисен цевковод во должина од 2.2 километри во вредност од 44.5 милиони денари, изјави денеска кочанскиот градоначалник Љупчо Папазов.

Почитувани, денес се наоѓаме во комплексот Бунарски систем на комуналното јавно претпријатие Водовод – Кочани, каде го објавуваме завршувањето на проектот за изградба и реконструкција на главниот потисен цевковод во должина од 2.2 километри во вредност од околу 44 ипол милиони денари. Со што добиваме еден стабилен систем за водоснабдување, ги намалуваме загубите и во делот на можноста за земјоделците да пристапат до своите земјоделски површини со почеток на сезоната за наводнување, се покриени со датумот за извршување на нивните активности, рече Папазов.

Папазов очекува бенефитите од овој проект да ги почувствуваат граѓаните, комуналното јавно претпријатие Водовод, како и општината Кочани.

-Обврската на Општина Кочани беше да ја спроведе постапката на експропријација на трасата по која се изведуваше овој проект, и обврска ќе биде заедно со изведувачот на работите да се вратат парцелите во првобитната состојба. Ваква проекција се реализира еднаш во 50 години и очекувам бенефитите да ги почувствува и комуналното јавно претпријатие Водовод, општината Кочани и граѓаните на општина Кочани, додаде Папазов.