![policiska-lenta-696x392](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/08/policiska-lenta-696x392.jpg?resize=696%2C392&ssl=1)
Ѓ.Б. вчера во 07,43 часот пријавил во ОВР Кочани дека во дом во Кочани го пронашол мртов неговиот сосед 54-годишниот Д.А. .
Од страна на екипа од Итна медицинска помош била констатирана смрт со видливи траги на насилство, а од страна на ОВР Кочани во координација со јавен обвинител од ОЈО Кочани веднаш се преземени мерки и активности за расчистување на случајот.
Притоа, во службен разговор Љ.С. признал дека Ѓ.Б. и Љ.С. претходната вечер биле во домот на нивниот сосед Д.А. и консумирале алкохол, по што настанала расправија и го удирале Д.А. со тврди предмети, информира МВР.
Ѓ.Б. и Љ.С. се лишени од слобода и со кривична пријава предадени на ОЈО Кочани за понатамошно постапување.