„Забраната за комуникација само го потврдува стравот од разобличување на вистината. Дополнително, се покажува вистинското лице и однос кон вработените кој имено Владата веќе три години го практикува. Едно е јасно, Вие вака се однесувате кон вработените во Министерството, а СДСМ кон сите граѓани на Република Македонија“, реагираше дополнителниот заменик министер за финансии, Гордана Димитриевска-Кочоска, на својот фејсбук профил, по демантот на министерката Нина Ангеловска, дека немало од нејзина страна саботажа на Кочовска, на нејзиниот прв работен ден во Министерството.
„Почитувани вработени, Ве охрабрувам да бидете слободни во комуникацијата со мене, во мене имате чесен соработник. Ние заедно ќе го унапредиме работниот процес и ќе создадеме средина во која одлично ќе комуницираме. Бидете сигурни дека времето на притисоци и забрани завршува!
А, верувам дека бргу ќе се дознае и што е тоа што Власта не сака да се знае и какви параметри се сакаат да се сокријат, напиша Кочовска.
Инаку, како шт објкави Нетпрес и други медиуми, рано утрово министерката Ангеловска испратила допис до сите вработени во Финансии дека, „Секоја комуникација и барања упатени до дополнителниот заменик-министер или член на неговиот кабинет кон поединечни вработени во одредени сектори, мора прво да бидат одобрени од раководител на сектор и/или државен советник, а раководителот на сектор/државниот советник треба да има претходно одобрување од кабинет на министер, пишува во дописот.
Всушност, Ангеловска дала наредна вработените во Министерството, да не ги слушаат наредбите од заменик-министерка Димитриеска-Кочоска, без претходно министерката Ангеловска тоа да го одобри. Со други зборови, да ја саботираат работата на Димитриеска-Кочоска.
Следеше демант од Ангеловска до одредени медиуми, во кое, меѓу другото, стои дека : Организацијата на работата на Министерството за финансии, како и кај секој државен орган, е точно утврдена и пропишана со Процедури за работа. Согласно Процедурите за работа, вработените го работат предметот, го доставуваат до раководното лице на одобрување, а потоа до Кабинетот на одобрување – што е пракса години наназад. Структурата на изработка и проверка на предмети постои токму со таа цел – проверка и точност на податоци. Обидот да се претстави пропишаната процедура за работа како завера од страна на одредени медиуми, не го гледаме како ништо друго освен обид за политичко поентирање преку лажни вести…