Од вкупниот јавен долг на Грција кој моментно е 323 милијарди евра, најголем дел во европскиот долг имаат државите членки на еврозоната на кои се однесуваат 60 отсто од долгот, објави МИА.
Според табела на грчки кредитори, направена од Би-Би-Си, еврозоната низ Европскиот фонд за финансиска стабилност на Грција и позајмилa 141,8 милијарди евра и уште дополнителни 52,9 милијарди со посебен заем за државата.
По држави, најголем кредитор е Германија – пласирала 68,2 милијарди евра преку програмата. Следува Франција – 43,3 милијарди евра, а на трето место е Италија со 38,4 милијарди евра.
Зад нив се ММФ кои Грција ја кредитирале со 21,4 милијарди евра и ЕЦБ со 18,1 милијарди евра кредити. Словенија на Грција и позајмила 1,4 милијарди евра што е 3,9 отсто БДП додека Малта – 400 милиони долари – пет отсто од својот БДП.
Меѓу државите доверители со најголеми позајмици се и Холандија со 13,4 милијарди евра, САД 11,3 милијарди, Британија – 10,8 милијарди, Белгија – 7,5…