![николоски](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/05/nikoloski-2.jpg?resize=684%2C386&ssl=1)
Кога беше потпишан договорот со Бугарија, Заев и Димитров се пофалија дека решаваат проблеми и дека затвораат спорови. Не само што не решија проблеми и не затвораат спорови, туку очигледно отвораат нови проблеми и спорови, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во Отворено студио на Телевизија 24.
Николоски истакна дека кога другата страна ќе види дека вие се откажувате од работи кои ви се битни, тогаш апсолутно барањата стануваат максималистички како што ги гледаме во овој момент, бидејќи Заев и Димитров потпишаа договор во кој нема никаква заштитна клаузула за Македонија и сега се соочуваме со документот за условот за јазикот кој ја става државата во деликатна ситуација пред преговарачката рамка на ЕУ.
„Сега Македонија е во деликатна состојба и нема повеќе од 2-3 недели. Во јуни треба да биде презентирана преговарачката рамка, и таа доколку властите во Македонија останат тивки како сега дефинитвно ќе инкорпорираат најголем дел од барањата на Бугарија што ќе значи или камен околу вратот и немање можност за продолжување на евроинтегративниот процес или или редефинирање на државата ии бришење на македонскиот јазик и историја и создавање на некоја нова северномакедонска нација и како што Бугарите велат јазична форма на бугарскиот јазик. Лесно потпишување на довори, после тоа создава проблеми и со таа работа се соочуваме сега. Владата мора да има став за овие прашања, не може да се дозволи калкулации со Гоце Делчев, се работи за клучната личност на оваа држава околу која е изградена оваа држава.“ потенцираше Николоски.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Николоски нагласи дека заради политичките калкулации, Заев одби Македонија да изгради национален консензус по овие прашања.
„Ние понудивме да се изработат два документа, првиот долгоречен и краткорочен. Краткорочниот да биде одговор на овие условувања од Бугарија, а долгорочните заеднички услогласена надворешна политика и изработка на заеднички усогласен документ за национална безбедност. Тие два документи да бидат обврска за секој иден министер за внатрешни работи, одбрана и надворешни директорите на двете главни агенции за безбедност, што би преставувало брана за скеој министер да не се доживува неговиот став како личен туку целата држава, каде ќе бидат вклучени МАНУ, Институтот за македонски јазик и Универзитетите. За жал тоа беше одбиено од Зоран Заев што само дополнително ги отвора сомнежите за оваа состојба со Бугарија“ изјави Николоски.