Кога граѓаните од погодените региони ќе добијат струја?

Деловите од Скопје кои се најпогодени од невремето ќе останат без електрична енергија поради безбедносни причини, информира Атанас Ковачевски од ЕВН Македонија, во вестите на Канал 5.

Тоа е така наречен безбедносен регион каде што сеуште се расчистува теренот.

Екипи на ЕВН Македонија прават инспекции заедно со другите екипи кои го расчистуваат теренот, со цел да се расчисти сета штета која ја има направено невремето. Кога тоа ќе биде обезбедено екипи на ЕВН ќе почнат уште поинтензивно да работат и ќе треба да се изградат нови бетонски столбови на местата каде беа оние однесени за време на невремето, вели Ковачевски.

Откако ќе се расчисти штетата, еден по еден ќе бидат приклучувани, а до тогаш остануваат, поради безбедносни причини без електрична енергија.

Апелираме до населението да не се допира инсталацијата, да се алармира доколку се видат отворени кабли. Екипите на ЕВН се на терен и ќе санираат. Во дел од скопските населби како што се Козле и Кисела Вода, дел од трафостаниците беа под вода и затоа повеќе часови немаа напојување. Сега водата е извадена се чека да се засушат и потоа да бидат приклучени, информира Ковачевски.