На Јутјуб се појави видео снимка со десет интересни факти за нашата земја што, презентирни од американско момче.
Стефан Фул на Ју тјуб објавува видеа со интересни факти за другите земји, а овој пат тој говореше за Македонија.
Накратко ова се десетте факти што тој ги споменува.
- Од сите поранешни југословенски републики Македонија е единствена која се стекна со независност по мирен пат;
- Охридското езеро е најдлабоко и најстаро езеро во цела Европа;
- Мајка Тереза е родена во Скопје;
- Според НАСА опсерваторијата во Кокино е четврта по ред најстара опсерваторија во светот;
- Македонија има најмногу планини и планински врвови во светот;
- Во Македонија не се користат помали парични деноминации од 1 денар;
- Иако најголемиот број земји во светот ја признале земјата како Република Македонија, во ОН таа сеуште се води како ФИРОМ;
- Пештерата Пешна во Македонски брод, наликува на пештерата од филмот „Господар на прстените“;
- Најголемиот освојувач во светот познат како „Александар Велики“ или „Александар Македонски“ се вика така, затоа што бил роден на територијата на земјата што се вика Македонија;
- Опиумот што доаѓа од Македонија има најголем квалитет во светот.