Собранието вечерва ги усвои измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести и истиот ќе стапи на сила по објавување во Службен весник.
Оваа мерка нема да важи:
– при спортување на отворен простор или на затворено со почитување на специфичните протоколи за заштита (дистанца, дезинфекција и слично);
– при возење во приватно патничко моторно возило ако возачот е сам или со лице/лица со кој/кои што живее во заедница;
– при престојување во двор на семејна куќа сам или со лице/лица со кој/кои што заедно живеат во заедница;
– при седење во угостителски објект со почитување на специфичните протоколи за заштита (дистанца, дезинфекција и слично);
– ако се користи друг тип на заштитна опрема специфична за определено работно место;
– ако лицето е помладо од 6 годишна возраст (дете); и
– ако лицето има специфична здравствена состојба, е лице со посебни потреби или е лице со пречки во развој поради што носењето на лична заштита на лицето би било проблематично или контраиндицирано.
За неносење маска на отворено предвидена е парична казна од 20 евра. Законот ja регулира и самоизолацијата, односно таа е задолжителна при тестирање за Коронавирус COVID-19 од закажување на тестот или самото тестирање до добивање на резултатот, а самоизолацијата продолжува доколку резултатот е позитивен.
Забрана за групирање на јавен простор (паркови, јавни површини или било која површина на отворено) во одредени периоди од деноноќието и други мерки утврдени со закон.
Мерките траат додека постои опасност од ширење на епидемија.
Владата на предлог на Министерството за здравство одлучува кои од мерките ќе се применат, случаите во кои ќе се применат и за кој временски период.
За прекршителите на членот од Законот кој ја регулира самоизолација предвидена е казна од 50 евра, а тие што ќе се групираат на отворено ќе платат казна од 500 евра.