Ѓумбирот е идеален за луѓето што сакаат да изгубат тежина, затоа што тоа го убива апетитот и помага во отстранување на мастите. Од друга страна, оние кои се обидуваат да ја зголемат телесната тежина треба да избегнуваат да консумираат ѓумбир како и сите додатоци врз основа на овој корен.
Луѓето со нарушување на крвта
Ѓумбирот ја стимулира циркулацијата, што е генерално добро, но не и за оние кои имаат нарушувања на крвта како што е хемофилија. Во таков случај, оваа билка може да ги влоши работите.
Луѓето кои земаат лекови за притисок и дијабетес
Ако земате лекови за регулирање на крвниот притисок или дијабетес, вие припаѓате на одредена ризична група кога станува збор за ѓумбирот, бидејќи ова растение може да влијае на начинот на кој лекови дејствуваат во вашето тело, пишува healthyfoodhouse.com. Особено е ризично да се комбинираат ѓумбир со антикоагуланси, бета-блокатори и лекови врз основа на инсулин.