Министерството за образование и наука (МОН) во периодот од 30-ти јули до 5-ти август годинава склучило десетици зделки „во четири очи“ за набавка на учебници, и покрај тоа што до последен момент не можеше да донесе соодветни протоколи за почеток на училишната година во услови на епидемија од коронавирусот, и да направи пресек на подготвеноста на инфраструктирата и наставниот кадар за онлајн настава.
Имено, на системот за Јавни набавки има објавено десетици договори во кои како договорен орган стои Министерство за образование и наука и во овие огласи како предмет на договорот на јавна набавка стои набавка за откуп на учебници преку постапка со преговарање без претходно објавување на оглас со вкупна вредност на договорите од неколку милиони евра.
Министерството согласно потпишаните договори со овие фирми се обврзува дека сумата ќе биде исплатена 45 дена од доставата на учебниците во училиштата.
Упатените коментираат дека со укинувањето на советот за јавни набавки кое се случи непосредно по доаѓањето на власт на СДСМ институциите изгубија контрола врз постапките за јавни набавки кои се почесто се склучуваат во 4 очи.