![mkd-316679](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/04/mkd-316679.jpg?resize=640%2C368&ssl=1)
Пратеникот Зоран Илиоски на денешната седница за пратенички прашања се обрати до премиерот Зоран
Заев и го праша како може да манипулира и да си игра со чувствата на родителите на децата кои што беа убиени кај Смилковското езеро.
Илиоски му нагласи на Заев дека токму тој бил човекот кој што на родителите им давал информации дека има снимени разгорои во кои се дознава кои се луѓето кои директно се вмешани во овој монструозен чин. Ова го потврдија родителите на убиените деца и имаа надеж дека правдата ќе биде задоволена.
Им велевте на родителите дека имате разговори на еден од оние директно вмешаните во случајот со Смилковското езеро. Манипулирате и си играте со чувствата на родителите на тие деца. Кого штитите господине Заев, праша Илиоски.
Заев му одговори дека претходната власт криела убиства, и договарала апсења на луѓе без докази.
Ако имавме докази Зоран Заев ќе ги објавеше бомбите до крај, таму има сериозни индиции, вклучитено и разговорот на обвинетиот Фејзи Азири со градоначалникот Бејта за да му бидат исплатени субвенции. Правото и правната држава функционира, борбата со корупцијата е ефикасна, од сите 22 случаи на убиства само две не се докрај откриени, а истрагата за нив продолжува. Прашање е дали ќе да се открие вистината за убиството кај Смилковското езеро, за кумановските настани и за случајот на Никола Младенов, додаде Заев.