Сами Укшини, познат како командант Соколи, Бег Ризај, Дем Шеху и Мухамет Красниќи, командант Малишева се четворицата кои во саботата вечер и се предале на полицијата после 16 часовни битки, објавува Коха.
Како што тврдат извори на Коха од Министерството за внатрешни работи Мухамед Јусуф – Малишева е повреден.
Косовскиот портал Бота Сот вчера објави соопштение во кое одговорноста за нападот ја презема ОНА. До сега за нападот во Гошинце единстевн кој се идинтификуваше одговорен е извесен Мирсад Ндрецај познат како командант НАТО.
Инаку, во 2001 година, сите горенаведени лица беа борците на ОВК во регионот на Липково.
фото: Коха.мк