Кои хороскопски знаци најмногу лажат

Овен

Овенот е целосно искрен. Тој секогаш ќе ви ја каже вистината. Кога е искреноста во прашање, тој се придржува до моралниот кодекс. Знае дека лагата е предавство и никогаш не би сакал да издаде нечија доверба. Премногу ги почитува блиските за да ги понижи со лаги.

Бик

Бикот знае да излаже, но не го прави тоа со лоша намера. Тој не сака да ве наведе на погрешен заклучок, туку за да одбегне непотребни конфликти. Мажите родени во овој знак промовираат мир и хармонија во врската, дури и ако тоа значи дека треба да излажат одвреме-навреме.

Близнаци

Близнаците се големи лажговци и мора да бидете многу внимателни со нив. Толку се добри во лажењето што можат да направат будали и од најпаметните луѓе. Меѓутоа, некои мажи родени во овој знак знаат кога е неопходно да ја кажат вистината.

Рак

Изразот „брутално искрени“ може да се примени кај Раковите. Иако не зборуваат многу, кога ќе кажат нешто, можете да бидете сигурни дека ја говорат вистината. Раковите се искрени дури и кога постои можност да ги повредат чувствата на луѓето околу себе.

Лав

Лавовите се искрени и се фалат со тоа. Тие се многу самоуверени и живеат според нивниот морален кодекс. Никогаш не би си ја нарушиле својата репутација. Гордоста им е многу важна и поради не сакаат да си имаат никаква врска со лажење и непочитување.

Девица

Мажите во овој знак се целосно искрени, па затоа можете да им верувате. Всушност, тие одат и чекор подалеку и секогаш наоѓаат начин да додадат некоја мудрост за она што го зборуваат. Никогаш не ја заобиколуваат вистината и секогаш се директни.

Вага

Бидете внимателни со Вагите. Има причина зошто Вагите се толку омилени во друштвото. Тие секогаш гледаат да им угодат на другите, па никогаш не можете да знаете дали тоа е нивното вистинско лице.

Скорпија

Од Скорпиите можете да го очекувате и едното и другото. Мажите родени во овој знак знаат да бидат и лажговци и брутално искрени. Кога ќе зборуваат за вас, ќе ви ја кажат вистината, бидејќи не сакаат да ве лажат. Кога се работи за нив самите, ќе ве излажат без да трепнат, бидејќи нивниот оптимизам и гордост ги тераат да лажат за себе.

Стрелец

Стрелците се искрени до болка. Повеќето луѓе знаат дека искреноста зависи од ситуацијата и дека понекогаш може малку да почека. Меѓутоа, кога се работи за Стрелците, тие не обрнуваат внимание на околностите. Тие ќе ја кажат болната вистина, бидејќи се уверени дека така треба.

Јарец

Не можете целосно да им верувате на мажите родени во овој знак. Чудно е тоа што тие секогаш се среќни и позитивни, а никогаш не ја откриваат причината за својата позитивност. Не можете да се чувствувате целосно опуштено покрај таква личност.

Водолија

Водолиите се мажи на места и тука нема што многу да се додаде. Водолиите се многу принципиелни и речиси секогаш ќе ви ја кажат вистината. Понекогаш, некои од информациите ги задржуваат за себе ако сметаат дека тоа е неопходно, но најчесто сакаат да бидат на чисто.

Риби

Рибите се многу неискрени. Тие емоционално ранливи и никогаш не преземаат одговорност за своите дела. Немаат проблем да излажат за да извлечат од непријатна ситуација.