
Иако речиси никој не е предодреден да има сопствен монопол или да има многу пар, некои хороскопски знаци имаат подобри предиспозиции за тоа.
Според истражувањето на CareerBuilder.com родените во знакот на Скорпија, Лав, Бик и Рак имаат можност за поголема заработувачка.
Така на пример, парите се поврзуваат со втората и осмата атролошка куќа со кои владеат Бикот и Скорпијата па затоа не е за чудење што овие два знаци се на врвот на листата (За пример треба да се напомене дека Бил Гејтс е Скорпија, а Марк Цукерберг е Бик).
Бик
Бикот, чиј владетел е Венера сака да биде окруѓен со најубавите и најрафинирани продукти што парите може да ги купат. Просечното е апсолутно неприфатливо за нив. Тие може да чувствуваат потреба да собираат пари за да си го обезбедат луксузот што го посакуваат и ќе штедат за да го постигнат нивото на комфорт, безбедност и стабилноста што ја посакуваат. Биковите исто така имаат сетило за менаџирање со пари што само го подобрува нивниот потенцијал за заработка.
Скорпија
Иако се наоѓа на сосема спротивната страна од Бикот, Скорпијата е подеднакво сконцентрирана на добриот живот. Овој знак сака да поседува нешта што ќе му обезбедат уживање како што се и материјални нешта, односно брз автомобил, врвен шампањ или екстравагантни патувања. Со оглед на нивните извонредни можности за инвестирање тие знаат како и најобичните нешта во животот да ги претворат во пари.
Лав
Типичниот Лав мора да биде забележан и сакан – што доаѓа со висока цена. Тие може да бидат инспирирани за подобра заработка со цел да го наполнат гардароберот, за да си обезбедат скапи вечери, неверојатни подароци и се друго што ќе им помогне да бидат во центарот на вниманието. Во исто време природните лидерски способности на Лавот му помагаат да се искачи на листата на најбогати луѓе и брзо да собере повеќе пари.
Рак
Желбата за сигурност и безбедност во домот го мотивира Ракот да заработува. Претставниците на овој знак живеат за можноста да имаат сопствена градина, да приредат убава вечера и да обезбедат за семејството. Поседувањето убав дом најчесто е врвот на среќа за овој знак. Но, со оглед на нивната работна етика и амбиција, воопшто не е за чудење како успеваат во тоа што го намислиле.
А кои хороскопски знаци заработуваат најмалку, прочитајте на следната страница…