Кои ќе бидат новите директори на ЕЛЕМ и МИА

Професорот на Електротехничкиот факултет при универзитетот „Гоце Делчев“ Драги Миновски на предлог на Владата е новиот директор на АД ЕЛЕМ, а новинарот Драган Антоновски ќе биде назначен за нов директор на новинската агенција во државна сопственост МИА, пренесуваат во неделата портали пивикувајќи се на извори во власта.

Во саботата Христијан Мицковски, досегашниот генерален директор на АД ЕЛЕМ, на во фејсбук статус соопшти дека е разрешен од местото ретседател на Управниот одбор и генерален директор на АД ЕЛЕМ.

„Дозволете ми на сите Вас, да Ви се заблагодарам од срце, што ја направивте оваа година посебна во мојот живот. Горд сум на сето она што заеднички го правевме за АД ЕЛЕМ, за Македонија, направивме многу, а можевме уште повеќе. Аристотел рекол ‘задоволство во работата дава совршеност во делото’. Делото сега ќе продолжи на друг терен меѓу студентите на факултет и граѓаните за Македонија“, напишува Мицковски.

Претходно беше објавено дека Антоновски е веќе назначен со одлука на Владата, а во завршила и процедурата и во МИА каде се одржал Надзорен одбор кој, пак, го избира Управниот одбор каде претседател е новиот директор.