
Врз основа на податоците од претходните истражувања спроведени на вкупно 5.188 мажи, италијанските научници од Центарот за репродуктивна попреченост на Универзитетската болница во Парма заклулчиле дека периодот во јули и август е најдобар за зачнување.
Според податоците, подижноста на сперматозоидите во текот на овие два месеци е најголема, а посебно е зголемена во однос на зимскиот месец јануари.
Сперматозоидите во лето најверојатно се побрзи поради тоа што со промените на годишните времиња доаѓа и до промена на нивото на хормони кај мажите, првенствено на тестостеронот.
За да дојде до оплодување на јајце клетката, сперматозоидите мора да поминат низ цервксот, материцата и јајцеводите. Ако е намалена способноста за движење на сперматозоидите, тие потешко ќе стигнат до јајце клетките, односно ќе има помала можност за зачнување.