Ако немате доволно место во фрижидерот, без оглед на тоа дека ви е добро организиран, сепак треба да знаете дека во него трошите скапоцен простор за намирници, кои воопшто не им е местото таму.
Еве на кои намирници не им е местото во фрижидер:
1) ЛУТ СОС
Лутиот сос без проблем можете да го чувате надвор од фрижидерот и до три години.
2) КОМПИР
Ако компирот го ставите во фрижидер, тоа ќе влијае негативно на неговиот вкус. Секогаш чувајте го во хартиени ќеси, бидејќи најлонските пропуштаат влага и го забрзуваат неговото расипување. Ако е во хартиена ќеса, компирот може да трае и до три недели.
3) ЛЕБ
Фрижидерот многу бргу го суши лебот. Наместо во фрижидер, лебот чувајте го на собна температура, во најлонско ќесе, и тој ќе трае до четири дена. Исто така, слободно може и да го замрзнете.
4) ЛУК
Лукот најдобро е да се чува во мрежасти вреќички, и кеси кои имаат циркулација на воздух. Но, чувајте го подалеку од компирот, бидејќи емитува влага и гасови кои може да предизвикаат скапување на лукот.
5) КРОМИД
Кромидот може да се чува во остава и до два месеци. Чувајте го така што ќе може воздухот да циркулира околу него.
6) ДОМАТИ
Доматите може да станат меки и лесно да се расипат ако се чуваат во фрижидер, па затоа чувајте ги на полица, но никако во пластично или во најлонско ќесе. Ако саката да го забрзате нивното зреење, доматите ставете ги во хартиено ќесе. Кога ќе созреат, може да траат и до три дена.
7) КАФЕ
Ако кафето го чувате во фрижидер, тоа може целосно да го изгуби својот вкус. Најдобро е кафето да се чува во добро затворен сад, кој не пропушта воздух.