Не е потребно да го избриштете профилот на Фејсбук или да го тргнете момчето од листата на пријатели. Доволно е само да знаете дека некои работи на социјалните мрежи се забранети за девојките во врска. Притоа се мисли на следното:
-
Тајни допишувања
Вам можеби тоа ви се чини како попатна забава, но предупредуваме дека таа може да има големи последици, за кои што очигледно не сте свесни. Помислете само како би се почуствувале вие да најдете нешто такво на профилот на вашето момче!
-
Фотографии со поранешни или други момчиња
Немора да ги фрлате сите фотографии со поранешното момче и да се правите дека тој никогаш не постоел, но ако вашиот профил на Фејсбук е преполн со фотографии со поранешното момче, новото момче може да се луствува глупаво и тоа со полно право. Исто како и во случаите кога ќе објавите фотографија а на неа сте со некое друго момче, без разлика на тоа дали станува збор за пријател што тој го знае. Другите луѓе не знаат.
-
Флерт коментари
Фејсбук се гледа и се знае, а тоа го гледаат и другите, кога некому му ја коментирате фотографијата или статусот, на таков начин што некој посматрач би можел тоа да го сфати на целосно погрешен начин. Зошто воопшто да се вплеткувате во такви работи?
-
Пријателство со некој што не му се допаѓа на вашето момче
Секако дека вашето момче немора да ги сака сите ваши пријатели, но ако знаете дека е посебно алергичен на некој што вам ви значи премногу, обидете се да не бидете пријател со таа личност. Секако дека станува збор за љубомора, но тоа е љубомора што не треба дополнително да ја храните.