Кои се 50-те најиновативни компании во светот?

Веќе девет години по ред „Епл“ е најиновативната компанија на планетава, според класификацијата на елитната американска консултантска фирма „Бостон Консалтинг Груп“, пишува „Бизнис Инсајдер“, пренесува Нетпрес.

Рангирањето на 50-те најиновативни комапнии во светот, годинава, има неколку разлики во однос на минатогодишното. Така, во однос на лани, „Гугл“ од трето се искачил на второ место, со што го истуркал „Самсунг“, која бил втор, за една позиција подолу.

Исто така, голема промена е и тоа што лани на листата имало 14 компании од автомобилската индустрија, додека годинава има само девет.

Рангирањето, кое за прв пат е направено во 2005 година, се врши на начин што „Бостон Консалтинг Груп“ анкетира повеќе од 1.500 извршни директори на глобални компании. Потоа за формирање на листата се земаат и резултатите од движењето на акциите на тие компании во период од три години, како и растот на приходите.

najinovativni