Шенаси Мислани познат како Шенки Версаче, брат му Мирвет Мислани, како и Абдула Садики и Акиф Мемиши од синоќа се во Шутка како дел од групата Беланоца/Барон, објави ТВ Алфа.
Со разбивањето на криминалниот клан од Арачиново, беше откриено кој го нарачал убиството во филмски стил во „Шиша бар“ и под чија наредба биле убиени уште шестмина во изминативе четири години.
Сите ликвидации ги извршувал кланот на Фатљум Ајети – Тоте, кој од зад решетки го водел наркокартелот и ги нарачувал убиствата на ривалите од подземјето. Тој се смета за лидер на криминалната група позната како Беланоца, а биле обезбедени докази и дека групата стои зад повеќе обиди за убиства, за кои Министерството за внатрешни работи, на чие чело тогаш беше Оливер Спасовски со години бараше осомничени.
Во вчерашната акција за еден ден беа расветлени дури осум убиства, три обида за ликвидации и безброј случаи на изнуди, закани и рекетирање, повеќе случаи отколку што реши предходното раководство во текот на последните години од владењето.
Во групата од 18 криминалци, освен Тоте се вбројувааат и Гани Туша и Зулќуфли Нуредини, познат и како Мали Репки, кои од Идризово останале и натаму ги воделе криминалните активности на Беланоца/Барон, пишува Република.
Кон крајот на ноември годинава била обвинителите отвориле истрага во однос на Гани Туша како главен осомничен за ликвидацијата на Орхан Бајрами – Оки ланскиот јули на грчкото одморалиште Ханиоти.
Огромни суми пари се кеширале за крвавите пресметки, од 10 илјади до 250 илјади евра за да се ликвидираат „непосакуваните“ во криминалното подземје. Само во оваа акција биле пронајдени околу половина милион евра, а од бункерите во Чаир и Арачиново кои ги копала македонската армија освен пари биле пронајдени и злато и оружје.
Ова нема да е последна акција на МВР за развибавање на скопското криминално подземје, најави министерот Панче Тошковски, а на удар се сите па дури и најголемите кланови чии членови сега првпат се најдоа зад решетки.