Некои луѓе едноставно не се грижат премногу за тоа како изгледа нивниот животен простор. За тоа можеби е виновен нивниот хороскопски знак. Според астрологијата, овие четири знаци важат за најнеуредни.
- Близнаци
По природа Близнаците се уредни личности, но ако се постојано во движење, немаат време за чистење и раскревање. Така, понекогаш настојуваат веднаш да го исчистат нередот зад себе, но ако не е баш најдобар момент за тоа, ќе го остават за подоцна. Ако таквата ситуација им се повтори неколку пати, во нивниот дом ќе завладее вистински неред.
- Лав
Лавовите ги интересираат многу работи, па секогаш ќе одберат да направат нешто попаметно. Поради тоа чистењето им доаѓа како последна точка на дневниот ред, па за луѓето родени во овој знак најдобро е да имаат некој кој ќе стави ред на хаосот што го оставаат зад себе.
- Стрелец
Стрелците себе не се сметаат за неуредни, но се свесни дека брзо и лесно можат да го исчистат нередот, па затоа некое време го одложуваат чистењето. Иако несвесно признаваат дека се неуредни, директно никогаш тоа нема да го кажат, всушност секогаш ќе тврдат дека водат сметка за чистотата на домот.
- Водолија
Водолиите не чистат редовно, но кога ќе се насобере нередот тогаш чистат со часови. Нивните работи ги оставаат насекаде и не се перфекционисти, па нередот и нечистотијата не им сметаат сè додека ситуацијата не стане критична.