Кои се најголеми заводници во зодијакот?

Рак

Како најемотивен и најчуствителен знак во зодијакот, на Ракот му е потребен нежен додир и длабока емоционална поврзаност со својот партнер. Ја ценат грижливост и ќе забележат доколки правите добри дела за другите. Тие се предани љубовници, а сексот со нив е одличен бидејќи тие уживаат во истраживањето. Но доколку ја изневерите нивната доверба подготвени се на жестока одмазда.

Ракот можете најдобро да го заведете со романтично но и спонтано заведување во опуштена атмосфера.

Скорпија

Најсексипилен од сите хороскопски знаци. На Скорпиите не им е непозната манипулацијата и искористувањето на другите во цел на задоволување на нивните монструозни сексуални апетити. Имаат хитнотизирачка привлечност во физичка смисла и одлични се во кревет. Единствен проблем може да биде нивната неспособност да ги спојат емоциите во цела приказна.

Много е тешко да ги заведете, со оглед на тоа дека поради шармот и манипулативната склоност навикнати се сами да бидат заводници.

Стрелец

По природа заигран и детинест, Стрелецот секогаш останува млад во срцето и отворен за експерименти во креветот. Поради таквата природа, често се неверојатно страствени кон една личност, но набрзо добиваат потреба за нови авантури. За оние кои сакаат кратка и забавна авантура, Стрелците се одличен избор, а оние кои сакаат врска можат да ги сметаат како по малку злобни.

Својата смисла за хумор и веселина веднаш ја забележуваат кај другите. Нема Стрелец кои ќе се брани доколку се обидете да го бакнете.

Риби

Овој хороскопски знак ќе ви пружи много задоволство во физичка смисла. Рибите сакаат да им удоволуваат и најсреќни се кога сите околу нив се среќни. Кога ќе запознаат љубовта на својот живот, нема проблем кој нема да сакаат да го решат со секс за смирување.

Тие сакаат поагресивен пристап и не сакаат да учествуваат во заводнички игри, па така бидете одважни кога им пристапувате.