Малигните болести денеска се почесто ги погодуваат и луѓето кои се на помлада и средна возраст, па ако имате необични симптои кои траат, не ги игнорирајте бидејќи сте „премлади“ за сериозна болест, советуваат лекарите.
Луѓето често ги игнорираат симптомите на малигни заболувања се’ додека болеста не напредува, а токму раната дијагноза е најдобар адут за лекување. Откријте ги раните симтоми на ракот.
Нема правила
Малигните болести денеска се почесто ги погодуваат и луѓето кои се на помлада и средна возраст, па ако имате необични симптои кои траат, не ги игнорирајте бидејќи сте „премлади“ за сериозна болест, советуваат лекарите. Здравствените тегоби кои минуваат не треба премногу да ве загрижуваат, но ако симптомите не поминуваат и по три до четири недели, задолжително посетите лекар и разрешете ги сомнежите.
Необјасливо слабеење
Повеќето пациенти заболени од рак дури откако ќе се постави дијагнозата забележуваат дека драстично ослабеле, но на тоа не обрнувале внимание. Губењето до два килограми не е загрижувачко, но се’ повеќе од тоа без да ги промените своите навики во исхраната или да почнете да вежбате е причина да се појде на лекар.
Хроничен замор
Ако секојдневно чувствувате се’ помалку енергија, со потешкотии станувате од кревет и заспивате истата секунда кога ќе легнете и покрај тоа што доволно спиете, посетите лекар. Хроничниот замор најчесто е симптом на преоптоварен имунитет. Иако причината не мора да биде малиген процес, туку некоја друга хронична болест или нарушување на хормонот на штитната жлезда, ако трае подолго од три недели, одете на лекар.
Постојана болка
Болката е поврзана со некое воспаление, проблем со имунитетот, но и појава на цисти кои можат да бидат малигни. Било да станува збор за упорна главоболка, болка во коските или абдоменот, болка која не минува за две недели може да биде предзнак за малиген процес и треба да се утврди нејзината причина.
Промени на кожата
Кожата е најголем орган на човековот тело, а освен необичните младежи или рани кои можат да претставуваат појава на меланом, кожата може да издава и симптоми на други тумори. Обрнете внимание на постојани подочници, жолтило на кожата, хиперпигментациски дамки и лупење на кожата, па посоветувајте се со лекар.
Промени со мокрењето и варењето
Упорните тегоби со варење на храната во облик на пролив, запек или чести столици, во комбинација со надуеност или крварење се чест показател на рак во системот за варење, но може да упатуваат и на рак на простата или јајници. Доколку имате потешкотии со мокрењето повеќе од две недели, треба да се прегледате и не ги препишувајте овие симптоми само на „воспаление“.
Кашлица, болка во грлото
Било да сте пушач или не, важно е да обрнете внимание на секој облик на кашлица која не поминува ни по еден месец, но и на чести болк во грлото или на промени на слузницата на устата или јазикот. Ако не ви помага терапија со антибиотик и воспалението често се враќа, побарајте специјалистички преглед, а не само кај доктор со општа пракса.
Појава на испакнатини
Необични испакнатини или појава на отоци на кожата можат да бидат симптом на рак на дојка, тестиси или на лимфните јазли.
Лимфните јазли можат да реагираат на помали процеси кај органите, а тестирањето е многу едноставно – пункцијата точно ќе ја утврди вистинската сосотојба на работите.
Постојана температура
Зголемена и упорна температура која се јавува без некои пропратни симптоми на грип или настинка е знак за преглед, велат лекарите. Температурата често ја следи појавата на малигни процеси бидејќи се јавува како раезултат на активирање на одбранбениот систем на телото.