Дознајте со кого ќе ги склопите најдобрите бизнис зделки, кој најмногу ќе ве сака и со кого ќе бидете главна ѕвезда на секоја забава…
Овен
Љубов: Најголем љубовен предизвик ќе ви биде Стрелецот. Ќе бидете маѓепсани од неговиот широк поглед кон светот. Ќе ви се допадне погледот во иднината без загледување во минатото.
Дружење: Најуспешни дружења ве очекуваат со рибите. Конечно некој ќе ги разбере вашите најдлабоки интимни дилеми.
Работа: Најдобриот бизнис соработник ќе ви биде јарецот. Вие сте фантастични во лансирањето проекти, но ви треба некој што со упорна работа ќе ги доведе до крај.
Бик
Љубов: Најдобриот партнер ќе го најдете во девицата. Нејзината склоност кон анализа и зрелиот пристап кон животот ќе делува врз вас смирувачки. И двајцата ќе барате мир по многуте војни.
Дружење: Кога ќе посакате квалитетна забава со добра музика, повикајте некој лав и работата е решена. Преку него ќе можете да ги запознаете и идните бизнис соработници.
Работа: Најдобриот бизнис соработник ви е водолијата. Потребен ви е советник и визионер што ги гледа оние бизнис трендови што другите и не ги насетуваат.
Близнаци
Љубов: Ваш најдраг партнер секако е вагата која со доволно дипломатија ќе ги расчисти сите ваши недоумици и ќе знае да ги спакува како лесно донесени одлуки. И двата знак многу веруваат во магијата на добрата презентација.
Дружење: Највозбудливите забави ќе ги посетите со скорпиите. Тие се вистински партнери за ноќните лутања кога ви е здодевно од емотивните дилеми и пренатрупаниот работен распоред.
Работа: Најдобриот бизнис соработник ќе ви биде стрелецот. Од него ќе научите да го извлечете од себе си оптимизмот во најтешките мигови.
Рак
Љубов: Вашиот најдобар партнер ќе биде Јарецот. Тој е доволно стабилен и упорен да ја стекне вашата доверба. Ќе ги цените неговите непоколебливи емотивни и семејни вредности.
Дружење: Ќе бидете најопуштени во друштво на Бикови. Нивниот хедонистички пристап во решавањето на проблемите ќе ви помогне да ги совладате повремените епизоди на меланхолија и замор.
Работа: Најдобриот соработник ќе ви биде скорпијата. Нејзината дијаболична интуиција и неуморниот темпо на работата ќе ви бидат прави водичи во магловитите бизнис ситуации.
Лав
Љубов: Најдобриот партнер ќе ви биде водолијата, на која што никогаш нема да и’ биде тешко да ги сослуша вашите интелектуални и духовни сапуници. Кому му треба секс кога можете да разговарате до раните утрински часови?
Дружење: Вашиот најдобар пријател ќе биде овенот, кому не морате многу да му објаснувате како се чувствувате. Понекогаш шопингот, кафето и разбирањето без зборови се најдобарата пријателска поддршка.
Работа: Вашиот најдобар бизнис соработник ќе бида вагата. Ќе ви требаат нејзините дипломатски способности кога ќе се најдете меѓу два огна.
Девица
Љубов: Најдобар партнер ќе ви биде бикот, кому ќе му одговара вашата енергија на реален оптимист. И покрај честите излегувања, најзанимливите работи меѓу вас ќе се случуваат далеку од љубопитните погледи.
Дружење: Најдобрата придружба на турнеите низ забавите и новите познанства ќе ви биде ракот. Неговиот имиџ на сензуално секси битие што сепак ги почитува семејсните вредности добро стои со вашиот одмерен кулерски став на објективен посматрач на животот.
Работа: Најдобрите соработници ќе ги најдете во знакот риби. Тие правилно ќе ги слушнат вашите креативни сигнали и ќе ве поддржат во промените што доаѓаат.
За другите хороскопски знаци повеќе на следната страница…