Кој хороскопски знак е вашиот најдобар пријател?

Девица

devica-znak-1Припадниците на овој знак ги краси шарм, харизма и способност да ги воодушеват другите во комуникацијата. Иако делуваат притаено, тие ги снимаат и ги проценуваат луѓето, а особено им посветуваат внимание на оние што ги сметаат за послаби од себе си. Но, како најдобар пријател им се наметнува некој што е многу погласен од нив – Овенот во чиешто друштво уживаат, а чиј ентузијазам ги поттикнува да бидат попродуктивни и погласно да го бараат она што го сакаат.

Вага

vaga-znak-1Припадниците на овој знак секогаш тежат кон некоја рамнотежа, а ги ценат интелегенцијата, убавината и шармот. Друштвениот живот им е една од темелните потреби и важен дел на нивниот живот, но понекогаш не ги филтрираат добро луѓето што се околу нив. Како најдобри пријатели од Зодијакот им се наметнува Лавот, кој всушност е доста сличен со нив и со кого меѓусебно се надополнуваат.

 

Скорпија

skorpija-znak-1Еден од најмистериозните знаци во Зодијакот. Храбар во начинот на пристап кон луѓето, па и кон животот, Скорпијата е некој што лесно не им пружа на луѓето увид во неговите најдлабоки мисли, а оној што станува нивен пријател мора да им се докаже на голем број начини. Освен тоа, секоја навреда и разочарување ќе имаат потреба да го вратат. Како најдобар пријател им се наметнува Водолијата, која е подеднакво храбра како нив, а ги поттикнува да бидат помалку резервирани, а повеќе опуштени.

Стрелец

strelec-znak-1Припадниците на овој знак се познати по нивниот ентузијазам, по неверојатната волја и хуморот. Обично секогаш се насочени на некоја цел и не сакаат да губат време на она што според нив се глупости. Со оглед на тоа што делуваат силно и креативно, тие сакаат да бидат окружени со исти такви луѓе. Како најдобар пријател од Зодијакот им се наметнува Јарецот, затоа што токму тој го дели нивниот менталитет „не ме интересираат с*ања“ во што совршено се разбираат и меѓусебно ќе се потпираат во нивните животни планови.

Јарец

jarec-znak-1Припадниците на овој знак се познати по нивната нагласена интелектуална страна, систематичност, организираност и практичност. Иако не сакаат да бидат на мета на критики и обично имаат одбранбен механизам во односите, како пријатели се мошне несебични и лојални. Како најдобар пријател од Зодијакот им се наметнува Стрелецот, со кого што лесно се опуштаат, но и подеднакво сериозно филозофираат со чашка вино и од тој однос и двајцата имаат корист.

Водолија

vodolija-znak-1Припадниците на овој знак, иако делуваат мошне приемливо и секогаш насмеано, всушност се многу резервирани со емоциите. Не бараат многу внимание од луѓето, а понекогаш делува како тие да им се претерано важни – секогаш ќе имаат пријатели, но и подеднакво ги менуваат. Сепак, тие копнеат за константа во нивниот живот, а токму во тоа им помага нивниот најдобар пријател од Зодијакот – Бикот. Тој ги приземјува, ги потсетува на чувството на одговорност, а со сопствената тврдоглавост ќе ги потсети дека треба да бидат упорни.

Риби

ribi-znak-1Припадниците на овој знак делуваат смирено, собрано, па и безгрижно, што понекогаш може да претставува и проблем ако тие доблести се претворат во маани. Од Зодијакот како најдобар пријател им се наметнува Скорпијата, затоа што делува позитивно на нивните мечтаења и анализата на луѓето. Лесно пронаоѓаат заеднички јазик и хоби, а секогаш меѓусебно ќе си помагаат во неволја.