Со кој хороскопски знак вашата врска би била невозможна мисија?

Девица и Стрелец

Ниту едниот, ниту другиот во оваа врска несакаат да се обврзуваат. Но Стрелецот сепак е премногу опуштен за една Девица. Ако не и’ се јави неколку дена се ќе биде готово.

Вага и Девица

Девицата ќе ја критикува Вагата поради што таа ќе почне да се сомнева во себе си. Но, со оглед на тоа што и Вагата е идеалист и таа ќе сака да ја менува Девицата. Тоа неможе долго да трае.

Скорпија и Овен

Експлозивна, интензивна и мошне борбена врска се создава кога ќе ги споите овие два знака. И двата знака мора секогаш да бидат во прави, мора да имаат чувство на контрола и мошне се одлучни. Ниту еден од нив нема на другиот да му даде можност барем малку да биде доминантен и затоа оваа врска уште од почетокот е осудена на пропаст.

Стрелец и Јарец

Јарецот ќе го ограничува Стрелецот и нема да му даде многу да се забавува. Освен тоа, меѓу овие  два знаци воопшто нема сексуална хемија.

Водолија и Бик

Бикот е премногу практичен, материјалистички ориентиран и конзервативен знак додека Водолијата е боемска душа во целост која правилата не ја интересираат. Бикот ја задушува и ја ограничува Водолијата која неможе да дише од него и затоа брзо ќе побегне.

Риби и Девица

На оваа нежна душичка во Зодијакот и треба партнер што ќе ги разбере нејзините деликатни емоции, а не некоја здраворазумска Девица на која сето тоа ќе и’ оди на нерви. Можеби и ќе успеат на кратки патеки, но на долги патеки тоа претерано ќе ја гуши Рибата.