Најголемата измама во политиката е митот за политичката одговорност. Зошто е тоа мит? Затоа што политичка одговорност не постои. Од далечното минато до денес одговорноста практично е финансиска и физичка. Со еден збор – судска. Судот одлучува дали да конфискува имотот на некого, дали да го прати во затвор или да му изрече смртна казна.
Тоа правило важи за сите луѓе, но политичарите се обидуваат да бидат над нив и над законите. Преземањето на политичка одговорност било некој функционер да поднесе оставка и потоа повторно да бара власт. Независно од тоа дека кога бил на функција ја уништувал државата. Како на пример Бранко Црвенковски по две линии – преку менувањето на македонскиот Устав, на македонското име и симболи во ООН, и преку криминалната приватизација.
Политичката /БЕЗ/одговорност на Црвенковски даде можност овој човек на три пати да биде македонски премиер и еднаш претседател, без да влезе во затвор или да добие конфискација. Да не зборуваме дека за поразот во терористичката војна во 2001 година, во која учестваше целата тогашна политичка елита мораше да летат глави. Само што летнаа животите на многу „обични“ бранители Македонци, а сите политичари здрави и живи продолжија да ја уништуваат македонската држава. Партиската и политичката „одговорност“ даваат можност и за внатрешен криминал и за национално предавство.
ПОД ФОРМА НА БОРБА ЗА ДЕМОКРАТИЈА СТРАНСКИТЕ ПЛАТЕНИЦИ УРИВААТ ЈА ДРЖАВАТА, А МАКЕДОНСКИТЕ ПОЛИТИЧАРИ СЕ ЗАДОВОЛУВААТ СО ВЕРБАЛНИ КРИТИКИ КОН НИВ.
Значи противдејствието на непријателите на Македонија ние само словесно се браниме, а дибеците од некакво фалшиво новинарско здружение се жалат за некаков „говор на омраза“. Па, такви квислинзи заслужуваат не говор, туку ќотек и затвор со целосна конфискација на странските пари. Ние сме чудна држава. Имаме некои млаки и контраверзни закони против криминалот и државното предавство, кои не се спроведуваат. Во која друга земја некој ќе може да фарба државни институции, културни споменици? Дали во Лондон, дали во Вашингтон.
ПРЕД ДА СТИГНЕШ ДО БЕЛАТА КУЌА ЌЕ БИДЕШ НЕ УАПСЕН, ТУКУ СТРЕЛАН И СЛУЧАИТЕ НЕ СЕ ЕДЕН ИЛИ ДВА. Зошто кај нас е таков хаос?
Одговорот е едноставен. Ние немаме државен поредок, а немаме затоа што доминира партискиот, политичкиот, а не НАЦИОНАЛНИОТ ИНТЕРЕС.
Тоа им одговара на странските гробари на Македонија, затоа и известувачот Вајгл бара создавање на политичка коалициска влада. Новиот „олеснител“ од Германија Хајндл, пак, кога зборуваше државата да биде над се’, не се потпираше на германското: Дојчланд убер алес, туку на идејата партиите да ја манипулираат државата.
За помалку од година видовме како македонските државни институции се рушат една по друга. Првиот чекор беше одамна кога македонското големо мнозинство преку македонските партии беше изедначено со албанското малцинство. Вториот чекор беше кога владејачката ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски како премиер беа изедначени со останатите три партии преку Пржинскиот договор. Третиот чекор беше со создавање на противуставна техничка влада и со повлекуването на Груевски.
Ударите врз македонските институции одеа еден по друг. Судскиот систем се предаде и Советот на Јавни обвинители изгласа противуставен американски фантом. Македонското Собрание капитулира кога ја поништи својата одлука за избори на 24 април. Уставниот суд капитулира со одлука за собирање на распуштеното Собрание кое повторно ја поништи својата одлука за избори – овој пат на 5 јуни. Пред тоа капитулира и ДИК која во однос на изборите се преврте за 180 степени. Моментно имаме УСРАНИ ДРЖАВНИ ИНСТИТУЦИИ. Во Владата се вратија министрите од ВМРО-ДПМНЕ за МВР и социјалниот министер, но без премиерот Груевски.
МОМЕНТНО ЕДИНСТВЕНА НЕДЕГРАДИРАНА ДРЖАВНА ИНСТИТУЦИЈА Е ПРЕТСЕДАТЕЛСКАТА, ЗАТОА ВРЗ НЕА ОСТРАТ ЗАБИ СТРАНЦИТЕ И ВНАТРЕШНИТЕ ПРЕДАВНИЦИ.
И колку и да изгледа чудно – и владејачката партија. Целта на македонските непријатели е претседателот Иванов да ја повлече одлуката за аболиција, а потоа да биде сменет од функцијата, а лидерите на ВМРО-ДПМНЕ да бидат уапсени и затворени. Само што тие зомбирани идиоти се држат како волови во кланица.
Зошто македонските државни институции паднаа како круши?
Затоа што сите тие се обоени партиски, а не национално. Ако во нив наместо партиски послушници имаше македонски патриоти, не Бејли, Гарет, Хан, Вајдл, Ховит, Хајндл и останатите претставници на фашистичка Европа, туку и самиот Ѓавол мораше да ги стрела еден по еден за да капитулираат. Затоа што нивен господар немаше да биде партискиот вожд, туку нивната македонска совест и самосвест. Партискиот систем дава можност за верижна капитулација – судии, членови на ДИК, пратеници, министри и т.н..
Ете зошто моментно нема кој да го пресече гордиевиот јазол како во 333 година пред Христа, Александар Македонски. Македонскиот јазол се’ повеќе се заплеткува, затоа мора да биде расечен директно и одеднаш. Институционо во денешната состојба на виртуелни државни институции ТОА МОЖЕ ДА ГО НАПРАВИ САМО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ И ДА ГО ПОВИКА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ВО ОДБРАНА НА ДРЖАВАТА.
Само што таа одлука мора да биде донесена пред да биде симнат од функција. Ако пак потклекне на моќните притисоци и ја повлече аболицијата, а со тоа даде можност за македонски Мајдан, тогаш сите македонски институции ќе постојат само виртуелно. Како што се виртуелни и македонските политичари.
Само што, МАКЕДОНСКИОТ НАРОД НЕ Е ВИРТУЕЛЕН И ЌЕ СЕ БОРИ ДО СМРТ ЗА СВОЈАТА ЗЕМЈА И ДРЖАВА. И ТАА БОРБА ЌЕ БИДЕ ЗА ВИСТИНСКИ НАРОДЕН СИСТЕМ НА УПРАВУВАЊЕ, СИСТЕМ КОЈ ОДГОВАРА НА МАКЕДОНСКИТЕ ТРАДИЦИИ И ИНТЕРЕСИ. СИСТЕМ ВО КОЈ ОДЛУЧУВА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД СО ДИРЕКТНА ДЕМОКРАТИЈА И НЕМА ДА БИДЕ ЗАЛОЖНИК И ЖРТВА НИТУ НА 4, НИТУ НА 9, НИТУ НА 12 ИЛИ, ПАК, НА 100-ИНА ЛУЃЕ.
ТОГАШ ЗАЕВЦИ, АЛИ АХМЕТОВЦИ, СОРОСОВЦИ ЌЕ БИДАТ САМО СПОМЕН.