Кој кого манипулира – Заев граѓаните или СЈО Заев?

Новата влада на Зоран Заев, од самиот почеток ја следат скандали. Од конторверзниот начин на нејзиното формирање, па до поставувањето на министри со богато криминално досие, што особено ја разбранува јавноста.

Заев, тогаш уверуваше дека во неговата Влада, за ниту еден министер нема истрага, ниту обвинение, повикувајќи се на информации од Специјалното јавно обвинбителство, кои СДСМ ги побарал.

Но, затоа пак, голем дел од членовите на владата на Заев се со дебели криминални досиеја. „Нетпрес“ тогаш објави текст „Реформската“ влада натоварена со дузина кривични пријави и пресуди, во кој аргументирано беше наведено дека во предложената нова влада, речиси и да нема министер кој нема кривично досие.

Денеска, новинарот Цветин Чилиманов, на својот фејсбук профил објави документ од СЈО, од кој може да се забележи дека заменик-премиерот за интеграција во ЕУ, Бујар Османи, спротивно од тоа што го говореше Заев, е под истрага на СЈО, кое со официјален документ, од надлежна иснтитуција, бара детали за неговата имотна сопственост, а освен за него и  за членови на неговото семејство.

sjo

Заев и СДСМ прво го обвинуваа Османи за криминал, а потоа откако го назначија за минстер, тврдеа дека за него нема поведено никаква истрага, и дека за тоа добиле потврда од СЈО.

„Нетпрес“ испрати прашање до СЈО во врска со објавениот документ и дали се води истрага за Османи. Одговорот што го добивме ви го пренесуваме во целост:

Ова Јавно обвинителство не води истрага за лицето за кое прашувате. Воедно, Ве уверуваме дека не Ви е точна констатацијата содржана во прашањето според која тој документ излегол од ова Јавно обвинителство и завршил на социјалните мрежи. Потсетуваме дека и во друга прилика сме појасниле дека се водат повеќе финансиски проверки за поголем број на лица во рамки на предистражни постапки, кои согласно законот, се тајна и не може да информираме. Исто така, потсетуваме дека ова Јавно обвинителство неодамна достави одговор на барањето на тогашниот мандатар, во кој беше наведено дека не се води истрага за лицата чии имиња беа наведени во дописот од мандатарот.

Претходно, во 2015 година, Заев во интервју, кажа сосема нешто друго во врска со тоа дали има некој фунционер кој е предмет на СЈО.

Да, Да. Поднесени се и кривични пријави. Мислам дека поднесени се кривични пријави за Бујар Османи, за Муса Џафери. Поднесени се кривични пријави за некои политичари во делот на тетовската индустриска зона. Тоа моите адвокати подобро го знаат. Поднесени се, но не е толку важно што ние сме поднеле кривични пријави, СЈО со примањето на материјалите ќе види што тоа има криминал и во другите случаи – изјави тогаш Заев.

Сепак, поранешниот министер за здравство од редовите на ДУИ и актуелен заменик-премиерот за интеграција во ЕУ, Бујар Османи, е осомничен за нелегални набавки во времето кога тој беше министер за здравство. Сомнежите се за проектот за реконструкција на Државна болница во износ од 400.000 евра.

Во предизборната кампања СДСМ постојано го обвинуваше ДУИ дека бил дел од криминалите за кои го обвинуваа и ВМРО-ДПМНЕ.

На 26 февруари Емилијан Станковиќ на прес конференција го обвинуваше Бујар Османи, кој ќе биде вицепремиер за евроинтеграции во новата влада, дека купувал медицински апарати за повисока цена.

Ова е увоз на царинска декларација и фактура за комплет ренгенски и компјутерски томограф, со опреми и прибор ВЦТ ХТ-64 слајс од марката Генерал електрикс, кој во Македонија е увезен пред три месеци по цена од 533.334 евра. Само за споредба Груевски, Османи и ВМРО-ДПМНЕ го набавуваат со народни пари ЦТ-64 сити скен компјутерот, по цена од 900 илјади евра или за 370 илјади евра поскапо. Сега очекуваме од Груевски и од како што самиот се нарекува од инвестициски аспект во наводници најзначајниот министер за здравство да и ги објасни на јавноста овие факти, кажа тогаш Емилијан Станковиќ на прес на СДСМ.

Потоа Менде Диневски на прес конференција го обвинуваше Османи дека го одвел здравството во целосен колапс, а Андреј Петров на прес конференција го обвинуваше новиот вицепремиер за евроинтеграции дека го наполнил здравството со партиски војници.

Неофицијално, во медиумите се пишуваше дека Специјалното јавно обвинителство води предистражна постапка за портпаролот на ДУИ, Бујар Османи за болниците во Чаир и Тетово.