Кој нема да стои на црногорската химна 2.000 евра казна

Кој нема да стане за време на интонирањето на црногорската химна ќе плати казна од 300 до 2.000 евра, се предвидува во новиот закон за државни симболи кој денеска беше усвоен од црногорската влада. Со законот исто така се воведува обврска до локалните самоуправи и јавните установи постојано да се вее државното знаме на објектите во кои се сместени.

Според законот, казна од 300 до 20.000 евра е предвидена и за правни лица кои нема да го почитуваат Законот за државни симболи.