Телефонските јавувања и и-мејл пораките се секојдневна појава во една нормална новинарска редакција. Има и задоволни, но и незадоволни. Едни фалат и се заблагодаруваат, други пак кудат и се закануваат.
И така секој ден.
Ако ги нема, тогаш не е нормална редакцијата. Нешто и фали. Во дисфункција е со својата дејност.
„Во вторникот и средата во Редакцијата се јавија десетина луѓе кои се претставија како загрижени читатели и добронамерно ме советуваа малку да олабавам.
Многу го почитувам мислењето на читателите. Всушност тоа ми е најважно. Ама за 22 години ’Сакам да кажам’ и 13 години ’Вест’ никој не ми се јавил да ми рече да се чувам за тоа што го пишувам. Од што да се чувам? До сега никој не ми се заканил затоа што можеби мислам поинаку. Ама за се има прв пат.
Сакам најискрено да им се заблагодарам за грижата. Фала им.
Иако, искрено повеќе ќе се радував ако се јавеа за да ме поддржат и понатаму да мислам со своја глава“.
Ова го напиша главниот и одговорен уредник на весникот „Вест“, Горан Михајловски, во својата последна колумна.
Демек во нашава ни’ земја до толку е наводно страшна работава, а тој сирот не приметил, па дури сега се подзамислил по јавувањето на граѓаните. За пишувањето колумни некој се загрижил, па го предупредил да олабави малку. Од друга страна, пак, признава дека никој не му се заканил до сега.
Но, еве и за тоа да е така треба навистина некоја остра критика да се напише. Да се удри со збор, да заболи до коска. Ама за такво нешто да се напише треба да си маж.
А кој тоа тебе би ти се јавил бе маци, да ти се закани? Кој смее да си дозволи такво нешто? Покрај таков бодигард покрај себе!?
Само неинформирана будала може да направи таков грешен чекор. Некој што незнае што се’ може да го снајде кога ќе се најде очи во очи со твојот телохранител.
Или можеби некој што си планира да избегне секаква евентуална средба. И секако да се спаси. Да си ја спаси кожичката. Да живее во егзил. Да не му дозволи на пит-булот да го фати за гуша и да му објасни дека ти си немаш финансиско гајле во животот оти си се обезбедил навреме. Си се обезбедил со одлуката да се „удаш“.
„Си се удал добро“, како што вели бодигардот твој.
Барем мене така ми рече во кафана, пред најмалку пет сведоци. Новинари, колеги. Од разни медиуми. Шаренолико друштво. Сите беа вчудоневидени. Стаписани. Не знаеа како да реагираат. Но, сеуште не ми е јасно зошто го тоа кажа со србизам.
„Удавање“.
Или работава е кога неможеш со некој да се разбереш, тогаш збори му српски и тоа што погласно, тоа подобро. Но, како и да е добро е што со мене се сведе целата работа со гласно зборување и со србизам. А, од друга страна ви завидувам што кај вас дома се средени нештата, мислам во однос тоа кој е маж во куќата.
Така да, маци не верувам дека некој би ти се јавил и би ти се заканил тебе, за пишување, покрај таков чувар покрај себе.