Која е разликата помеќу обичното утро и незаборавното утро? Многу едноставно, незаборавното утро започнува со секс. Знаете ли кои пози се најсоодветни за утринскиот секс?
Ако тој се разбуди прв
Класичната поза за овој случај е позата „лажички”. Чувствителна е и романтична. Оваа поза е идеална во моментот кога партнерката почнува да се буди. Партнерите лежат на една страна, мажот е зад неа, со благо свиени нозе. Тој се доближува до нејзиниот грб, и ја носи блиску до себе. Таа многу малку ги шири нозете, за да може тој да продре во неа. Оваа поза не дозволува длабоко продирање во жената, но пак мажот може да ја стимулира партнерката галејќи и ги градите, клиторисот, и бакнувајќи и го вратот. Позата „лажички” претставува нежен и не брз секс, а тоа во комбинација со фактот дека мажите наутро се поиздржливи, може да ви го направи утринскиот секс подолг и незаборавен.
Ако таа се разбуди прва
Кога жената се буди, предметот на машката гордост, на нејзиниот партнер е најчесто „подготвен за битка”. Таа може нежно да го погали со рака, и после полека и нежно да седне врз него. Оваа поза е идеална бидејќи жената може да го контролира ритамот и длабочината на продирање на членот во неа. Сонливиот и среќен маж може да ја гали и бакнува партнерката насекаде. Денот после вакво утро нема да биде обичен!!!