Која група намирници не прави најсити?

Протеините прават најдолго да се чувствуваме сити, покажало истражување спроведено на Универзитет во Индијана.

Авторите на студијата наведуваат дека за време на истражувањето сакале да се сконцентрираат исклучиво на едно конкретно прашање: какво дејство имаат протеините врз чувството на најаденост?

По опсежните анализи научниците се задржале на пет главни студии. Во секое истражување експертите до податоците доаѓале по ист пат – на една група и рекле некое време да гладува, а потоа на членовите на групата им давале намирници богати со протеини и бележеле како тие се чувствуваат во текот на одреден временски период.

Резултатите покажале дека зголемениот внес на протеини навистина го продолжува чувството на ситост во однос на останатите намирници.

Научниците понатаму ќе истражуваат дали растителните и животинските протеини имаат исто влијание на чувството на ситост, како и дали протеините во шејкови имаат исто дејство на ситост како и оние кои се внесуваат по пат на џвакање,