Која од „Дисциплина кичме“ се разбуди од кома

Фронтменот на рок групата „Дисциплина Кичме“, Душан Којиќ-Која, кој минатиот вторник претрпе мозочен удар, се разбуди од вештачка кома.

Која на крајот на минатиот месец замина во Англија да ја посети својата сестра, кога доживеал мозочен удар.

Тој бил итно хоспитализиран, а лекарите го внеле во индуцирана кома за да му дадат на мозокот доволно време да се опорави.

Блиските и семејството на Која се заблагодарија на интересот и загриженоста на јавноста, но и замолија на приватност.