Коктел според хороскопскиот знак: Овошни, алкохолни и јаки

Коктелите се одличен пијалок, совршена комбинација од алкохол со овошни сокови и неодоливи сирупи. Ако сакате да ги изненадите вашите сакани со необичен коктел кој ќе ги воодушеви. За да ви помогнеме ви даваме неколку вкусни коктели според хороскопскиот знак.

Овните обожаваат сè што е скапо, па за нив идеални се коктелите кои содржат скапи пенливи вина. Наш предлог: Една праска или нектарина измиксирајте ја со неколку коцки мраз. Прелијте со пенливо вино и послужете.

Биковите од сите знаци најмногу уживаат во храната. Вистински гурмани се, па затоа им е најважно им е коктелите да им се по вкус точно онакви какви што ги сакаат. Наш предлог: Наполнете една чаша со јагоди и додајте лажичка шеќер во прав. Прелијте со слатко, овошно вино.

 

Близнаците се доста визуелни типови, па за нив припремете коктели кои изгледаат неодоливо. Наш предлог: Промешајте овошен чај, сируп од мандарина и пиво во голема стаклена чаша. Додадете ситно сецкано овошје по желба и многу мраз.

На раковите мирисот и вкусот на она што го пијат им е подеднакво важно, па затоа тие уживаат во јаки коктели. Наш предлог: Измешајте еднаква количина вотка, ликер од ментол, сок од лимон, сируп од лимон и минерална вода. Послужете во висока стаклена чаша, полна со мраз.

Лавовите сакаат сè што е гламурозно и скапо, па затоа и нивните коктели треба да ги имаат овие карактеристики. Наш предлог: Пронајдете некој коктел кој го пијат ѕвездите во моментот. Тоа е совршената комбинација за нив.

 

Девиците се пребирливи и многу е тешко да им угодите. Коктелот за нив би требало да е едноставен, но внимателно приготвен. Наш предлог: Во една чаша измешајте еднаква количина минерална вода и цеден сок од портокал. Додајте малку рум и послужете со ситно сечкан мраз.

За вагите е многу важно како коктелот изгледа и дали е разнобоен. Посебно внимание посветете на декорацијата и украсувањето. Наш предлог: Во висока стаклена чаша промешајте еднаква количина на бело вино, вотка и додајте малку сируп од портокал. Послужете со многу лед и украсите со вишни, јагоди или било кое друго овошје.

Мистичните скорпии обожаваат и мистични коктели. Нивните пијачки не ги мешајте, туку состојките налевајте ги една врз друга. Што коктелот е појак, толку повеќе им се допаѓа. Наш предлог: Во висока чаша со ред преливајте рум, џин, ликер од ментор и пенливо вино. Никако не ги мешајте состојките. Како што сте посипале, така послужете.

Стрелците исто така сакаат слоевитост. За нив подгответе комплицирани коктели, преку кои ќе видат дека сте вложиле многу труд.Наш предлог: Во голема стаклена чаша ставете неколку јагоди, голема топка сладолед и прелијте со пенливо вино. Послужете веднаш.

Јарците сакаат проверени, веќе испробани рецепти и ретко кога ќе се согласат да експериментираат. Наш предлог: За овој знак совршени се традиционалните рецепти за коктели или пак некои едноставни пијалоци како што се џин – тоник или вотка – џус.

 

Водолиите обожаваат да експериментираат. Тие ќе пробаат сè што ќе им понудите. Слободно експериментирајте и мешајте различни состојки. Наш предлог: Промешајте виски со свежо цеден сок од лимон, еден портокал и додајте малку тоник.

Рибите сакаат овошни коктели, но додајте и некоја егзотична состојка со која ќе ги изненадите. Наш предлог: Исечкајте една резенка диња или лубеница, прелијте ги со рум, ликер од кокос и со малку сируп од јагода. По желба разредете го коктелот со минерална вода и многу мраз.