Коларов пред трансфер во Интер

Репрезентативецот на Србија и член на Манчестер Сити, Александар Коларов почнал преговори со Интер за негова преселба на “Џузепе Меаца”.

Директорот на “Нероаѕурите” Пјеро Аусилио вчера имал средба во Милано со агентот на Коларов, а клучна улога во трансферот би можел да има Роберто Манчини кој во 2010-та година го донесе дефанзивецот во Манчестер Сити.

Коларов има уште три години од договорот со англискиот тим, но често пати изјавуваше дека има желба да се врати во Италија.

Претходните денови Коларов се поврзуваше со градскиот ривал Милан, на чија клупа неодамна седна Синиша Михајловиќ. Во текот на својата кариера дефанзивецот настапуваше за Чукарички, ОФК Београд и Лацио, додека за репрезентацијата на Србија забележал 54 настапи и 7 голови.