Сите познати спортски медиуми во Шпанија ја пласираа сензационалната информација дека на последниот состанок, раководните лица на каталонскиот гигант Барселона донеле конечна одлука за прекин на соработката со предводникот на актуелниот шампион на Шпанија, Херардо Тата Мартино.
Соработката со поранешниот селектор на Парагвај ќе биде прекината на крајот од актуелната сезона без разлика дали Барселона ќе ја одбрани шампионската титула во домашниот шампионат или пак ќе слави во финалниот натпревар од Купот на Шпанија.
Клупските челници се сложни околу констатацијата дека Мартино е најголем виновник кога е во прашање елиминацијата во 1/4 финалната рунда од Лигата на шампиони и е виновник што Барселона е моментално трета на првенствената табела и има четри бода помалку од лидерот, тимот на Атлетико (М).
Шпанските медиуми се исто така убедени дека испразнетата тренерска фотеља ќе биде пополнета со контроверзниот тренер на германскиот бундеслигаш Борусија од Дортмунд, Јирген Клоп.