Анализата на древна ДНК укажува дека првите претставници на Homo sapiens-от се појавиле на бреговите на реката Замбези, каде што живееле околу 70.000 години пред нивните да започнат да ја колонизираат Африка, заклучуваат научниците чијашто студија е објавена во стручното списание Nature во понеделникот.
„Првите две групи луѓе ја напуштиле оваа територија пред околу 130 и 110 илјади години, кога за тоа станала благопријатна климата, која низ пустините отворила зелени коридори. Првата група мигранти се упатила кон североистокот, а втората на југозападот. Втората успеала да се стабилизира на новите територии и започнала да го колонизира југот на Африка“, вели Ванеса Хејс, генетичар од Универзитетот во Нов Јужен Велс во Синдеј и во Институтот за медицински истражување Гарван, една од авторите на истражувањето.
До неодамна антрополозите веруваа дека Homo sapiens-от се појавил во источна Африка, пред околу 200.000 година, неколку стотици илјади години по одвојувњето на предците на неандерталците и кромањонците. Од друга страна, пак, пред две години палеонтолозите во Мароко открија останки од едни од првите луѓе од современи тип, чијашто старост се проценува на приближно 300.000 година, а исто така открија и докази дека луѓето ја напуштале Африка уште пред 130.000 години.
Покрај тоа, археолошките ископувања во Јужноафриканската Република на истокот од „црниот“ континент покажале дека на „титулата“ колепка на човештвото не претендира само Мароко, туку уште неколку региони на Африка. Особено откако арехолозите пронашле кромањонски орадија стари меѓу 150 и 230 илјади години, во пештерите на ЈАР и Кенија, а исто така ја декодираа и ДНК-та на првите жители на овие региони.
Ваквите откритија доведоа до тоа многу еволуционисти и антрополози да сугерираат дека човештвото не се појавило во ниту еден конкретна точка во Африка, туку како резултат на интереакцијата на неколкуте групи древни типови на луѓето кои живееле во различнии делови на континентот многу долг период.
Хејс и нејзините колеги истовремено ја доведоа во прашање идејата и ја усложнија еволутивната слика за непосредните предци на Homo sapiens-от, проучувајќи ја ДНК-та на најстарите народи на Африка, ткн, којисанци, чии племиња живеат на територијата на пустината Калахари во ЈАР, како и на нивните најблиски соседи.
На бреговите на Замбези
Авторите на статијата не ги интересирала само нуклеарната ДНК на жителите на Африка, туку и мал дел од геномот кој е присутен во митохондриите, своевидни енергетски станици на клетките. Митохондријалната ДНК (mtDNA) директно се пренесува од мајката на децата и се менува доволно забавено што овозможува да се користи за следње на семејните врски меѓу народите, како и за проучување еволуцијата на човештвото, споредувајќи ги ткн хаплогрупи, групации на слични мутаци во мтДНК.
Којсанците и многу други народи од Африка, како што појаснува Хејс, припаѓаат на хаплогрупата L0, најстарото семејство на мтДНК. Споредувањата на малите разлики во структурата на овој дел од геномот меѓу нејзините носители, генетичарите и антрополозите се обиделе да ги пронајдат во оние региони од континентот, каде што живееле носителите на оваа хаплогрупа со најмал број мали мутации.
За да го сторат ова, научниците собрале и декодирале двесте примероци на мтДНК од жителите на пустината Калахари, како и од други делови на ЈАР, Намибија, Боцвана и други земји каде што живеат којсијанските народи. Покрај тоа, Хејс и нејзините колеги ги анализирале геномските податоци што другите истражувачи ги собирале и од нив изолирале илјада геномон кои припаѓаат на хаплогрупата L0.
Оваа анализа покажала дека првите претставници на хаплогрупата L0 се појавиле пред околу 200.000 години, што одговара на класичната теорија за прапочетоците на човештвото. Нејзините први претставници, судејќи според локацијата на нејзините непосредни потомци, живееле јужно од реката Замбези, на бреговите од сега пресушеното езеро Макгадикгали. Во тој период, овој регион од Африка бил оаза, одделена од другите делови на континентот со суви пустини. Ваквата состојба се сменила по 70.000 години, кога оската на вртењето и орбитата на Земјата малку се накосиле, што ја променило климата и го отворила патот за миграцијата на првите Homo sapiens-и. Во прилог на тоа зборува фактот дека хаплогрупата L0 започнала да се расцепува на одделни линии токму во моментот кога се случиле промените на орбитата и климатските промени.
Како што истакнуваат Хејс и нејзините колеги, сиве овие откритија во никој случај не се во спротивност со теоријата за повеќекратното потекло на човештвото и не ја негираат. Од друга страна, пак, тие јасно покажуваат дека една од вистинските прататковини на современите Homo sapiens-и навистина се наоѓала во јужна Африка, заклучуваат научниците.
Климатскиот физичар од Националниот универзитет Пусан во Јужна Кореја, Аксел Тимерман, кој исто така работел на студијата вели дека нема контрадикции меѓу раниот череп кој наликува на Homo sapiens откриена во северна Африка која потекнува од мртвата лоза и предложеното јужноафриканско потекло на Homo sapiens-от кој е сѐ уште жив. Вели дека древното езеро Макгадикгади започнало да исчезнува пред околу 200.000 година, создавајќи мочварна област во која живееле ловци-собирачи. Тимерман вели дека истакнува дека промените во Земјната оска и орбита предизвикале кломатски, дождовни и вегетациски промени кои ги поттикнале раните миграции на оваа група луше, прво кон североисток пред 130.000 години, а потоа и кон југозападот пред 110.000 илјади години. Тврди дека оваа студија ги дава првиоте квантитативни докази дека астрономски потткнатите климатски промени во минатото ги предизвикале миграциите на луѓето, што го овозможило генетската шаренолоикост, како и културните, етничкиет и јазичните индентитети.