Колев: Исчистена е најголемата дива депонија во Велес

Исчистена е најголемата дива депонија во градот!

ЈКП Дервен, заедно со фирмата избрана на тендер но и локални компании ја исчистија депонијата која се создавала со години во близина на Спомен Костурницата.

Во наредниот период ќе се постави и заштитна ограда, а апелирам до граѓаните за совесно постапување и фрлање на отпадот на соодветно место со цел чиста и здрава животна околина.

За поубав Велес!, пишува на својата Фејсбук страница велешкиот градоначалник Марко Колев.