„Техничката влада е важна карика за одржување фер и демократски избори, се прави паралела и евидентно е какви биле изборните процеси пред 2016 и после 2016 година, кои се навистина со добри оценки и пофални зборови од ОБСЕ, ОДИХР и ЕК и нема нерегуларности, како пред 2015 година“, нагласи Колева.
Колева истакна дека одговорна партија не е таа што секој месец го менува својот став како ДПМНЕ.
Зошто би предлагале министри и заменици, а не би ги гласале? праша Колева.
„На ДПМНЕ не му пречеше Талат Џафери 2012/13/14 година кога беше министер за одбрана заедно во коалиција со ДПМНЕ. ДПМНЕ знаат дека ќе изгубат на изборите и ова го прават за да имаат адут во ракав, за да велат дека не биле легитмни изборите“, нагласи Колева.
„Сѐ што правевме изминатиот период е она што може Македонија да ја однесе напред кон Европската унија, меѓутоа отспортива имаме една опозиција која што дефинитивно ги кочеше сите процеси“, рече пратеничката на СДСМ Даниела Колева за „Топ тема” на телевизија Телма.