Музичарот и политичар Мирослав Шкоро во петокот ја коментираше фотографијата на поранешната претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ на која таа го покажува средниот прст заради изјавата на Шкоро дека силуваните жени кои забремениле за време на злоставувањето би требало да се консултираат со семејството.
„Се започна со грда кампања чии предводник е поранешната претседателка со вулгарен гест, која го откри нејзиното вистинско лице. Тезата дека Зоран Милановиќ јас го донесов на власт синоќа е срушена со средниот прст на Колинда Грабар Китаровиќ, која покажа дека меѓу неа, лажна демохристијанка и лиѓето кои ја поддржуваат нема разлика во однос на Зоран Милановиќ. Гласачите се определија за чесен и вистински социјалдемократ и левичар, а лажните беа осудени“, рече Шкоро.
На прашањето да ја образложи неговата изјава Шкоро рече дека повеќе нема да се вовлекува во вакви приказни и расправи.
Поранешната хрватска претседателка Колинда Грабар Китаровиќ реагираше на изјава на Мирослав Шкоро и Нино Распудиќ за абортус во случај кога жена е силувана.
Шкоро, изјави дека жената, ако забремени после силување, мора да се договори со семејството што ќе направи, а Распудиќ сугерираше дека абортусот не би требало да им се дозволи ниту на силуваните жени.
„Им се придружувам на сите жени кои со овој „непристоен“ чин го покажуваат својот став и го креваат гласот против оние кои се обидуваат да не вратат векови наназад. Помина времето кога жената седеше во ќош чекаше што тато ќе ѝ каже. Секогаш сум била за живот, но и за живот кој има право на избор. Без притисоци, без стигматизација и услови, посебно во најчувствителните животни ситуации како силување“, наведе во реакцијата Китаровиќ, покажувајќи го средниот прст.