Огромна е желбата и кај најверните вардарови навивачи „Комитите“, и кај македонските фудбалски вљубеници и кај сите фудбалери на „црвено-црните“ да се стигне до триумф вечерва против хрватскиот шампион. Токму, огромен импулс за сето тоа треба да биде и поддршката од трибините на нашиот најголем стадион.
Според последните информации кои ги објави спортскиот портал ЕКИПА, продадени се веќе околу 20.000 билети за денешниот натпревар во Скопје, но очекувањата се дека ќе има околу 25.000 фудбалски фанатици на трибините на „Филип Втори“