Благодарение на големи резерви со нафта, Венецуела е еден од водечките светски извозници на овој енергенс. Користа од тоа ја имаат и жителите на оваа држава кои поседуваат автомобили, со оглед на тоа дека цената на еден литар бензин во Венецуела изнесува еден цент.
Овие, за наши услови неверојатни, цени на горивата во Венецуела се на сила веќе до децении. Освен големите резерви на нафта со кои што располага оваа јужноамериканска земја, причина за тоа бензинот во Венецуела да биде толку евтин лежи во одлуката на Владата.
Сепак, цените на нафтените деривати би можеле наскоро да се зголемат. Новата Влада на претседателот Николас Мадуро тврди дека субвенциите поради кои што горивото е толку достапно до населението, ја чинат државата повеќе од 9,1 милијарди евра на годишно ниво.
„Како нација богата со нафта, логично е да имаме пониски цени на горивата во споредба со другите земји. Но, тоа треба да биде наша предност како држава, а не хендикеп. Сепак, во случај кога напојницата која што ја оставате на бензинската станица е поголема од сумата која треба да ја платите за да го наполните резервоарот, тогаш тоа станува хендикеп за држават“, рекол претседателот Мадуро.