Колку ќе платат прекршителите на изборниот законик?

Антикорупциската комисија во средата прифати три приговора поднесени од опозициската ВМРО-ДПМНЕ за прекршување на изборниот законик,

Според одлуките донесени вчера, Државната комисија за спречува корупција поднесе прекршочна пријава против раководните лица во Агенцијата за финаниска поддршка на земјоделскиот и руралниот развој затоа што исплатила 7,5 милиони денари на повеќе од 2000 лозари за откуп на винското грозје за  2014, 2015 и за 2016 година.

Овој долг винариите „Повардарие“ и „Стефанс“ не можеле да го исплатат затоа што отишле во стечај, но сепак во Државната комисија за спречување корупција утврдија дека не станува збор за редовни исплати и одлучија дека со исплатата е прекршен
изборниот законик и законот за спречување на корупција и дека ќе иницираат постапка за утврдување одговорност пред надлежните органи.

Антикорупциската комисија одлучи да поднесе прекрошна пријава и против градоначалниците на Гази Баба и на Штип. Во случајот на градоначалникот на скопската општина Гази Баба, Борис Георгиевски, односно дека кога биле распишани изборите, општината распишала јавен оглас за ангажирање на агенција за обезбедување која физички и патролно ќе ги обезбедува сите 11 основни училишта во општината и двете градинки, на сметка на општината, наместо оваа обврска да ја плаќаат родителите. Антикорупциската утврдила дека иако во годишниот план на општината биле издвоени пари за оваа намена, сепак, спорно е соопштението објавено за настанот од страна на општината кое потоа било објавено во неколку медиуми, за што и ќе се иницира прекршочната постапка.

Прекршочната постапка ќе биде покрената аи против градоначалникот на Штип, Благој Бочварски, во врска со дистрибуција на дрва за огрев на две оцијално загрозени семејства и на Јавното претпријатеи „Исар“, откако изборите веќе биле распишани.

ДКСК по сопствена иницијатива отвори и постапка за утврдување на фактичката состојба во однос на соопштението објавено на веб страницата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на 14-ти април дека се исплатени 27 милиони евра на 26.776 тутунопроизводители за реколтата од 2018 година.

Ќе се утврдува и точноста на информацијата објавена во некои медиуми дека раководителот на одделението за хортикултура Јово Темелковски во јавното претпријатија „Водовод и канализации“ на 16-ти април се појавил на работа со маичка од претседателскиот кандидат на владејачките партии Стево Пендаровски.

Во ови случаи постапките според процедурата Дирекцијата подготвува барање за покренување прекршочн постапка со поднесување прекршочен платен налог според општиот Закон за прекршоци според кои прекршочните санкции односно глоби кои не може да бидат помали од 200 евра ниту поголеми од 5.000 евра во денарска противредност. Ваквите активности ги води посебната прекршочна комисија во рамките на Дирекцијата за спречување комисија, а процедурата предвидува повикување на оние за кои е одредена мерка на таканаречено порамнувње. Тоа во практиката би значело дека доколку пријавените во определен рок се согласат да исплатат веднаш половина од предвидената глоба, постапката се завршува. Но доколку тие сметаат дека не сториле прекршок, во случајов на Изборниот законик, комисијата поднесува прекршочен поднесок пред надлежните судови.