Пред извесно време Фондот за иновации, како и на сите останати, така и на братот на Сашо Орданоски – Ванчо Орданоски, на сомнителен начин му додели 250.000 евра за проект, чија што компанија „Инфопројект“ веднаш беше обвинета од страна на индиска компанија со тврдење дека станува збор за плагијат.
Нечекајќи да се докаже или отфрли вината за проектот „Екомонитор“, градоначалникот на општина Прилеп поита да го имплементира истиот тој сомнителен проект.
Зошто, како и кој одлучил токму овој проект да се воведе како пилот-проект во општина Прилеп, одбегнувајќи ги законските тендерски процедури? Колку пари ќе ја кошта општина Прилеп имплентацијата на истиот и дали станува збор за промоција, перење и меѓусебна распределба на украдени пари, се прашања кои остануваат отворени.
Како и да е, од 6 мерни станици ќе се мери (не)квалитетот на воздухот во Прилеп, па ако градоначалникот не е задоволен од измерените резултати, нема да го набави производот.
А дека не е можно да се штелуваат резултатите во мерните станици на Орданоски, веруваме исто онака како што верувавме дека не е можно да се штелуваат и добитниците на средствата од Фондот за иновации. Напишаа од комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук.