Можеби сте ја прескокнале вечерата и веднаш сте зеле десерт, но ако сте прескокнале цел оброк за да имате секс, дали сте претерале?
Не сфаќајте погрешно – сексот е нормален, здрав и забавен дел од човечкиот живот. Но, колку секс е идеално, а колку премногу?
Истражувањето на Институтот Кинс покажува дека лицата на возраст помеѓу 18 и 29 години имаат секс во просек 112 пати годишно, додека оние помеѓу 30 и 39 години тоа го прават 69 пати годишно.
Дали тоа значи дека се што е повеќе од тоа претерано?
Сексолозите се согласни дека здравите парови треба да имаат секс најмалку еднаш во седум дена.
„Еднаш или два пати неделно спаѓа во здрав сексуален живот. Во текот на фазата на заљубеност, кога двајца не можат да престанат да размислуваат еден на друг, тие често имаат секс секој пат кога се заедно. Со текот на времето, таа желба опаѓа“, вели д-р Бери Мекарти, брачен советник.
„Сексот, треба да биде уживање и забава, значи – не треба да се размислува за квантитетот туку за квалитетот. Без оглед на тоа дали трае како маратон или е набрзина, во текот на водењето љубов не треба ништо да ве боли и да ви пречи“, вели Мекарти.
Меѓутоа, има и такви кои тоа можат, а и го прават, секој ден. Дали тие се зависници од секс?
Би требало да се обратите на лекар ако забележите дека сексот е она за што најчесто размислувате во текот на денот, ако таквите мисли ви пречат во извршувањето на својата работа, или да бидете одговорен родител, советуваат експертите.
„Да се има често секс не е исто со честото размислување за секс. Ова второто е поопасно. Доколку само погледот на излогот со долна облека е доволен сексуално да се возбудите, задолжително обратете се на лекар“, вели д-р Мекарти.
Пожелната „количина“ секс варира од личност до личност. Од прашањето „колку“, многу поважно е прашањето „како“. Дали сте уживале во сексот со вашиот партнер? Дали сте опуштени во тој момент, дали сте доживеале оргазам?
Една студија покажува дека партнерите кои разговараат за секс, посебно во текот на чинот, се сексуално позадоволни.
Запомнете дека клучот лежи во компромисот. Секс треба да имате онолку често колку што сакате со партнерот. Договорете се, најдете средина. Некогаш либидото на партнерите се поклопува, некогаш не.
„Затоа мастурбацијата е важен аспект на здравиот живот. Ако вашето либидо често е поголемо од либидото на партнерот, решето го тоа со мастурбирање“, вели д-р Мекарти.
Значи, може да се заклучи – решението за сексуална желба зависи од нас, лежи во нашите сопствени раце.