Колку што забавуваат измените на Уставот, за толку се одложува членството на Македонија во ЕУ, вели францускиот амбасадор во Софија

Aмбасадорот на Франција во Бугарија, Џоел Мајер, во интервју за БГНЕС предупреди дека, колку повеќе Македонија ја забавува промената на Уставот, толку повеќе го одложува и своето членство во ЕУ. Според него, земјите од Западен Балкан имаат свое место во ЕУ ако навистина го сакаат тоа.
„Тоа се заложби кои беа реафирмирани во рамките на ЕУ, но оваа одлука за пристапувањето не е автоматска за ниту една земја. Овие земји мора да покажат волја и способност да се изедначат со европските стандарди. Ова значи дека понекогаш треба да се спроведат некои прилично тешки внатрешни реформи, тешки од гледна точка на економијата. Понекогаш тешко е тоа да се објасни на пошироката јавност, но ако сакате да влезете во ЕУ, треба да ги спроведете овие реформи“, вели Мајер за БГНЕС.
Тој посочи дека понудата на секоја земја ќе се разгледува според сопствените заслуги и лични достигнувања и дека секоја земја треба да покаже дека прави напори за влез во ЕУ. „Бидејќи Северна Македонија не е исклучок од сето она што го кажав досега, таа исто така треба да спроведе одредени реформи пред да се приклучи. Францускиот предлог е резултат на колективната работа на сите земји-членки. Тој дозволи да се создаде перспектива за пристапување на РСМ во ЕУ, бидејќи ова е од интерес на самата земја и од интерес на сите Европејци кои се нејзини соседи, односно тие да имаат соседна земја која ги исполнува европските стандарди. Ова претставува и фантастична можност за проширување на економските можности на земата, да се биде дел од европскиот пазар“, објасни францускиот дипломат.
„Северна Македонија во оваа смисла треба да го промени својот Устав – тоа е заложбата што ја презедоа властите да ја вклучат бугарската заедница во Уставот и да ги разгледаат правата на оваа заедница. Колку повеќе PCM ја забавува промената на нејзиниот Устав, толку повеќе го одложува и своето членство во ЕУ. Не сакам да го потценам трудот што треба да се направи за да се случи тоа и што отпорите со кои мора да се соочат во едно многу националистичко општество на кое може да влијаат други земји, т.е. Русија, која има за цел да ги подели општествата. Но, ако Скопје прифати да го промени својот Устав, тогаш можеме да сметаме дека гледа поголема причина да се приклучи на ЕУ. Ако не го стори тоа, правилата на играта се јасни“, рече амбасадорот Мејер.
Тој смета дека македонските власти се подготвени да гледаат кон иднината и верува во тоа, а европските партнери кои контактираат со нив ја испраќаат истата порака за нормализација на односите со соседните земји, вклучително и Бугарија.