Сто и десет милиони евра е сумата која се предвидува за проектот за изградба на автопатот Скопје-Блаце.
Овој автопат ќе биде долг 12,5 км и ќе се вози по три ленти во двата правци.
Поголем дел од парите со кои ќе се гради овој автопат преку кој од Скопје до Приштина ќе се вози за 45 минути а не како досега за два ипол часа , се кредит од Европскат банка за обнова и развој, додека дел се грант од ЕУ, а дел има од буџетот на Државни патишта.
Според најавите на надлежните следниот месец ќе се објави тендерот за првата делница, по што ќе отпочнат градежните активности а според роковите кои ги имаат зацртано од Министерството за транспорт и врски се автопатот да е завршен до 2023 година.
Стартот на проектот е значаен од повеќе аспекти, но клучен е бизнис-факторот, со оглед дека Косово е еден од најзначајните трговски партнери на Македонија:
Годишната трговска размена со Косово е околу половина милијарда евра, при што Македонија има значителен суфицит. Затоа е многу важно да имаме автопат за да може нашите трговци да испорачуваат стока во Косово, изјави Османи.